Викторија Јовановска ќе се бори за бронза на Карате 1 Серија во Португалија

Добар настап на Викторија Јовановска на Карате 1 Серија А во Матосинхос, Португалија, за малку и избега финалето, но затоа ќе се бори за бронза.

Каратистката на Макпетрол нанижа 4 победи а во полуфиналето загуби 0-1 од Ешли Какиај од Холандија.

Утрре за борнзениот медал ќе се бори со Анквуд Олаја Енхаили (Шпанија).

На Карате 1 Серија А настапуваат 990 спортисти од 70 земји.

Карате 1 Серија А – Матосинхос 2023:

61 кг
Викторија Јовановска – Дарија Питта (Италија) 1-1
Викторија Јовановска – Клаудија Сантос (Португалија) 8-0
Викторија Јовановска – Ѓихане Менасер (Франција) 4-0
Викторија Јовановска – Јелена Калајѓиќ (Австралија) 1-0
Полуфинале
Викторија Јовановска – Ешли Какиај (Холандија) 0-1
За бронза
Викторија Јовановска – Анквуд Олаја Енхаили (Шпанија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО