Виктор Крстевски: Ги изненадив сите, па и себе!

Viktor Krstevski

На неодамна завршеното Балканско првенство за сениори во Чачак,Србија, вистинско откровение беше Виктор Крстевски од КК Металург во категоријата до 84 килограми, во која очите беа вперени кон нашите фаворити Берат Јакупи и Симон Антиќ, но тој ги изненади сите и се бореше во финалето, каде што загуби домашниот каратист Милош Јовановиќ со 4-2. Сепак, Крстевски го постигна најголемиот успех кај мажите на ова Балканско првенство.

За неговите тренери, Мирче Јанушевски и Драган Грдановски, сребрениот медал на Крстевски не е изненадување, бидејќи неговите резултати во јуниорска конкуренција се импозантни.

Viktor Krstevski na piedestal

На Балканското првенство во Чачак изненади од втор план и го освои сребрениот медал. Какво беше чувството кога го освои медалот?

-Да, добро кажа, ги изненадив сите па и самиот себе. Веројатно, заради тоа што пласманот за Европското првенство веќе го пропуштив и немав никаков притисок врз себе. Емоциите беа поделени. Беше прекрасно што го освоив мојот прв сениорски медал, но бев и разочаран што не успеав првиот медал да го направам златен.

Како гледаше на искусните репрезентативци, кои важеа и за фаворити во неколку категории

-Па, пред се, гледав да не покажам ни малку респект кон поискусните борци, не да ги омаловажам, но да не покажам респект, што се покажа како најисправно.

Sampioni na BP

Дали ова значи дека ќе се вмешаш во борбата за место во репрезентацијата во категоријата во којашто се Берат Јакупи и Симон Антиќ?

-Па да, и овој пат местото во репрезентацијата ми „избега“ за малку. Во вкупното бодување во категоријата до 84 кг завршив на втората позиција, зад Симон Антиќ. Но, на следното европско првенство, се надевам дека ќе настапам и во поединечна конкуренција.

 Кога влезе во финалето, што си помисли? Што ти недостасуваше да ја освоиш титулата?

-Прво прашав кој ќе ми биде противник, а потоа сакав да се одморам и да не мислам многу на финалето. Пресудниот фактор за освојување на титулата, мислам дека беше искуството. Сепак, српскиот репрезентативец е 10-тина години постар и медалист од европски и светски првенства.

Бидејќи овој месец го пропушташ ЕП и во јуни Европските игри, што понатаму? Кави се твоите амбиции?

 -Сакам да се фокусирам на натпреварите што ми преостануваат во категоријата до 21 година, а тоа се медитеранско, светско, балканско и европско првенство, кои се одржуваат на крајот од оваа и почетокот на следната година.

Можеме ли да очекуваме златен медал?

-Секако! Зошто да не!?

Како наједноство ќе го опишеш твојот матичен клуб Металург?

-Со помош на еден збор, семејство.

 Сепак, тоа е клуб со долга трдаиција и има многу носители на медали од првенствата. Дали е тоа обврска и психолошки товар или олеснителна околност?

-На секој натпревар се очекува некој од „металурзите“ да донесе медал, но ние не го гледаме тоа како обврска, едноставно, го правиме тоа што го знаеме најдобро, а медалите си доаѓаат сами.

Какво е твоето мислење за тренерите Мирче Јанушевски и за Драган Грдановски Џеф?

-Тие, покрај помладите тренери, се најзаслужни за функционирањето на клубот, така како што функционира. Без нив не би биле тоа што сме!

ekipa so dez i mirce

Која ти е омилена техника за изведба во борбите? И која сакаш да ја правиш, а ја имаш забележано кај друг каратист?

-Омилена и најуспешна техника ми е кизаме (удар со предна рака), а сакам да ја подобрам техниката во ножните удари.

Имаш ли карате идол?

-Никој посебно. Секој борец си има свои карактеристики, но ќе ги издвојам клупските колеги, Мартин Несторовски и Огнен Груевски.

Колку ти се од помош тие?

-Нивната помош и на тренинзите и на натпреварите е бесценета. Тие се искусни и имаат многу медали од интернационалните натпревари.

So Goce i Mirce vo Konja

Што друго те интересира освен каратето, односно со што се занимаваш?

-Студент сум на Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје, а покрај тоа, сакам се што сакаат и другите од мојата генерација, вечерни излегувања, одење на кафиња и сл.

Дали девојките се лепат на тебе, занејќи дека си каратист? Viktor so zenski

-Тешко прашање (ха ха ха). Мислам дека сите си имаат свој вкус што нема врска со каратето.

Каква е средбата со каратистка? Има ли размена на удари и блокови?

 -Да (повторно се смее и во тој тон оговара), но само за време на тренинзите.

Дали некој од твојата фамилија се занимавал со карате или некој друг спорт?

-Не, јас сум првиот спортист во семејството.

Патуваш на многу места во светот: Иако имате малку време, кој град или место најмногу ти се допаданло и зошто?

-Покрај другите ќе го издвојам Париз, само заради тоа што ги надмина моите очекувања.

Во која смисла? Viktor i ajfelovfata kula

-Очекував да биде нешто како Москва или Милано, но се беше некако чудно. Некоја посебна убавина што не може да се опише.

За Виктор Крстевски

Виктор Крстевски (1995) за прв пат со каратето се сретнува во 2004 година во Општината Илинден, по што неговиот тренер го префрла во Металург, кој го смета како негов прв и единствен клуб.

Досега, на сите натпреварувања има освоено околу 70 медали, и тоа: Прво место Словенија опен 2009; Второ место Кроација опен 2010; Второ место Милано опен 2010; Прво место Белград 2010; Трето место Медитеранско првенство Бари, Италија, 2010;

Второ место Кроација опен 2011; Трето место Европско првенство за региони екипно- Анкара 2011; Трето место на Европско првенство во Коња, Турција 2013; Трето место Балканско првенство екипно, Крагуевац,Србија 2013; Прво место Балканско првенство екипно Софија, Бугарија 2014 и Второ место Балканско првенство Чачак, Србија 2015.

Овие резултати претежно се во јуниорска конкуренција.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО