Видео најава на мечот за светската титула Бобан Илиоски-Берк Дузенли

Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски ќе се бори за титулата професионален светски шампион на ВАКО во К1. Во категоријата до 88,6 килограми Илиоски на 26 април на настанот „ВАКО Про Арена фајт најтс“ ќе ги одмери силите против светскиот ВАКО првак, Берк Дузенли од Турција.

Овој настан во организација на Кикбокс Маитаи Федерација на Македонија ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, а борбите ќе почнат во 19.00 часот.

Карти за овој настан кој ветува многу адреналин, професионална сцена и незаборавна атмосфера може да купите на билетара и онлајн на kupikartizase.mk.

Исто така, на еден од мечевите ќе настапи и нашиот трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓорѓиев, кој во оваа прилика ќе настапи како предборба на главниот професионален WAKO PRO меч.

Покрај овие две борби, на истиот настан ќе има и уште седум други мечеви во машка и женска конкуренција, на кои настап ќе земат атрактивни борци од нашата земја и нивните противници кои се актуелни шампиони од официјалните ВАКО првенства.

По тој повод е пуштена видео најавата за борбата меѓу Илиоски и Дузенли:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО