Петар Спасеновски во осумте најдобри во Премиер лигата во Каиро

Петар Спасеновски покажа дека е достоен за виссоки дострели со најдобрите во групите на Карате 1 Премиер лига во Каиро, Египет. Каратистот на Макпетрол го освои првото место во групата со три убедливи победи. 

Во четвртфиналето загуби од Украинецот Валери Соникин 1-4. Така, Петар влезе меѓу осумте најдобри каратисти во светот. Уште позначајно е тоа што со Петар Заборски се меѓусебна поддршка и еден успева да дојде до забележителен резултат на овие натпревари.

Тие покажаа дека се во добра форма пред Европското сениорско првенство од 8 до 12 мај во Задар, Хрватска.

На Премиер лигата настапуваат 32-најдобри натпреварувачи во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот ги продолжува борбите во четвртфиналето.

Во Каиро учествуваат вкупно 374 елитни спортисти од 58 држави.

Резултати – Премиер лига, Каиро:

Група 6

-75 кг
Петар Заборски – Мухамед Абудабус (Либија) 2-1
Петар Заборски – Енцо Бертон (Франција) 0-2
Петар Заборски – Абдала Хешам Абделгавад (Египет) 1-3

Група 1

-84 кг
Петар Спасеновски – Данијар Јулдашев (Казахстан) 9-6
Петар Спасеновски – Константин Цимбал (Украина) 4-1
Петар Спасеновски – Енес Гарибовиќ (Хрватска) 5-1
Четвртфинале
Петар Спасеновски – Валери Соникин (Украина) 1-4

Група 1

-61 кг
Вероника Костовска – Фатма Наз Јенен (Турција) 0-3
Вероника Костовска – Олександра Шолохова (Украина) 2-4
Вероника Костовска – Алесандра Манцијакапра (Италија) 1-1

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО