Петар Заборски со една победа – Вероника Костовска со едно реми на Карате 1 Премиер лигата во Каиро

Петар Заборски и Вероника Костовска ги завршија настапите во групитена Карате 1 Премиер лига во Каиро, Египет. 

Петар Заборски со една победа и два порази е трет во групата. Вероника Костовска е четврта со биланс од три порази и една нерешена борба.

Третиот наш претставник Петар Спасеновски ќе ги почне борбите по 17 часот.

На Премиер лигата настапуваат 32-најдобри натпреварувачи во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот ги продолжува борбите во четвртфиналето.

Во Каиро учествуваат вкупно 374 елитни спортисти од 58 држави.

Резултати – Премиер лига, Каиро:

Група 6

-75 кг
Петар Заборски – Мухамед Абудабус (Либија) 2-1
Петар Заборски – Енцо Бертон (Франција) 0-2
Петар Заборски – Абдала Хешам Абделгавад (Египет) 1-3

Група 1

-84 кг
Петар Спасеновски – Данијар Јулдашев (Казахстан)
Петар Спасеновски – Константин Цимбал (Украина)
Петар Спасеновски – Енес Гарибовиќ (Хрватска)

Група 1

-61 кг
Вероника Костовска – Фатма Наз Јенен (Турција) 0-3
Вероника Костовска – Олександра Шолохова (Украина) 2-4
Вероника Костовска – Алесандра Манцијакапра (Италија) 1-1

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО