Кен Шамрок го направи првиот платен настан во бокс со голи раце во Северна Дакота. Неговата организација Валор бер накл ги спротивстави ветераните на УФЦ, кои пружија здрави борби со голи раце, во кои видовме и тешки нокаути. Поранешните борци на УФЦ, Марк Годбер (2-1 УФЦ) и Џек Меј (0-2 УФЦ) се соочија на турнирот во тешка категорија. Нивната битка траеше само 50 секунди, што беше доволно Годбер ѕверски да го нокаутира противникот.
Во другиот меч на турнирот, Мајти Мо Силига со нокаут го совлада Рамау Тиери Сокуџу и со тоа ќе го дочека Марк Годбер во борбата за титулата во тешка категорија во организацијата на Шамрок. Во другите борби видовме нокаут меѓу поранешните борци на УФЦ Џејмс Мек Свини и Лавар Џонсон. Нивната борба траеше само 27 секунди во која Џонсон победи со нокаут.
Резултати:
Марк Годбер го совлада Џек Меј со КО во 1Р, 0:50Мајти Мо го совлада Рамау Тиери Сокуџу од ТКО 3 Р, 1:26
Ише Смит со одлука го победи Естеван ПајанМајк Ричман – C.Ц. Лемас – не се одржа
Лавар Џонсон го победи Џејмс Мек Свини со КО 1Р, 0:27Крис Јенсен го победи Зак Тумб од ТКО 1Р, 2:42
Џошуа Дајер го совлада Дејне Сајерс со КО 1Р, 2:22