Вештачката интелигенција направи листа на 10 најдобри спортисти во историјата на спортот.
На оваа листа учествуваат спортисти од различни спортови, а место меѓу нив најде и легендата на ММА Џон Џонс. Шампионот на УФЦ во тешка категорија ја зазеде 7-та позиција на оваа ранг-листа и се радуваше на тоа. На прво место е Мајкл Џордан, а на второ е легендарниот Мухамед Али.
Минатиот викенд Џонс се врати во кафезот и успеа да го нокаутира Стипе Миочиќ. Така за прв пат ја одбрани титулата во тешка категорија. Сега Џонс ќе се препушти на заслужениот одмор, а потоа ќе има долги преговори со УФЦ кои сакаат да му го спротивстават Том Аспинал.
https://twitter.com/JonnyBones/status/1858544004666679640
„Само помислата да бидам спомнат покрај овие големи спортисти ме прави среќен. Без разлика дали е создадена од вештачка интелигенција или не“, напиша Џон Џонс на социјалните мрежи.