Дaна Вајт: Не знаеме кој ќе биде противник на Конор Мек Грегор во 2025 година

Конор Мек Грегор некогаш беше крал на ММА.

Сите го препознаваа и почитуваа. Неговата голема уста, импресивните победи и раскошниот начин на живот го направија апсолутна легенда. Но, се чини дека тоа време заврши. Шефот на УФЦ, Дана Вајт, значително ги уништи надежите на навивачите минатата недела. Вајт откри дека Конор ќе се врати во 2025 година, но не на почетокот, туку кон крајот на годината.

Тешко е да се поверува дека истиот човек кој некогаш го освојуваше светот, сега е познат најмногу по скандали и простотија. Скршена нога во неговата последна борба против Дастин Пориер во 2021 година. ја стави кариерата во мирување. Но, тогаш работите тргнаа од лошо на полошо. Има приказни за пиење, дрога, изневерување и тужби.

Изгледа дека Конор, кој некогаш беше толку полн со жар и амбиции, едноставно веќе не е истиот. Конор требаше летово да се бори со Мајкл Чендлер, но Мек Грегор го скрши малиот прст на ногата и се повлече. Чендлер минатиот викенд зачекори во октагонот против Чарлс Оливеира на УФЦ 309 во Медисон сквер гарден. Мајкл загуби со одлука и го предизвика Ирецот.

Вајт за медиумите откри дека се уште е рано да се зборува за Мек Грегор и неговиот можен противник за 2025 година. Дана не потврди дека Конор ќе се бори со Чендлер според планираното.

„Мајкл Чендлер го предизвика Конор Мек Грегор? Конор ќе се врати доцна во 2025 година. Имаме доволно време да одлучиме кој е следен за Мек Грегор во кафезот“, изјави Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО