Верховен тренира со двократен европски првак во џудо (ФОТО)

Рико Верховен, кој е шампион на Глори во тешка категорија, сподели фотографии од тренинг со џудистот Рој Мејер.

29-годишниот Мејер е двократен европски шампион и носител на бронза на Светското првенство што се одржа во Токио во 2019 година во категоријата над 100 килограми.

Џудистот (186 сантиметри) има сигурна норма за Олимписките игри кои ќе се одржат налето во Јапонија, поради фактот што е на 9-то место на олимписката ранг-листа меѓу најтешките.

„Што и да дадете, ќе добиете“, напиша Верховен на својот Инстаграм профил.

Рико Верховен очекува да знае со кого ќе се сретне на неговиот следен меч, но на Глори му е тешко да најде противник. И покрај желбите на различни земји за пресметка против Верховен, во моментот организацијата не е во можност да најде соодветен противник кој ги исполнува нивните барања и предизвикува интерес кај навивачите.

Во неговиот последен настап, шампионот во тешка категорија требаше да се бори со Џамал Бен Садик, но повредата на грбот на противникот го уништи мечот. Наместо тоа, Верховен учествуваше на турнир на четирмината, кој го освои без многу напор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО