Верховен со трогателни зборови до својата екипа

Рико Верховен, кој е шампион во тешка категорија на Глори, сподели објава на социјалните мрежи во која им се заблагодари на сите околу него и му помогнаа да биде на врвот.

Потсетуваме, Холанѓанецот со технички нокаут го победи Џамал ​​Бен Садик во четвртата рунда на Глори 79: Колишн 3. За Верховен ова беше десетта последователна одбрана на титулата во тешка категорија. Со победата во главниот меч на фајт шоуто во Амстердам (Холандија) ја доби и трилогијата со Бен Садик. До тогаш имаа по една победа.

„Тоа беше тимски напор. Толку многу луѓе се вклучени за да ме доведат во физичка и ментална форма каква што треба да бидам за да се претставам на најдобар начин. Не можам да бидам поблагодарен на сите вас“, напиша легендарниот кикбоксер на својот Инстаграм профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО