Верховен направи пресврт во мечот и го нокаутира Бен Садек (ВИДЕО)

Рико Веховен во главната борба на вечерта на настанот на Глори во Ротердам го нокаутира Џамал Бен Садик.

Во шестата одбрана на титулата славеше во петата рунда од средбата во кој и самиот беше на на работ на нокаут.

По изедначеното отворање на борбата, опуштениот Бен Садик со десен директ сериозно го здрма шампионот и тргна да го заврши. Верховен прими уште неколку тешки удари и играше на ивицата на нокдаун до знакот за крај на рундата.

Верховен подобро ја отвора втората рунда, но потоа прима уште еден тежок удар од десницата на Мароканецот кој добро контрираше наударите со нозе на Холанѓанецот. Во завршниот дел од рундата Верховен нешто подобро боксира и погаѓа со лоу кик.

Бранителот на титулата многу добро работи со ниски (лоу) удари во третата рунда се до моментот кога Бен Садик го дочека со контра со десен директ и го собори, а судијата не го досуди нокдаунот кој можеше.

Во четвртата, Холанѓанецот го набива темпото и се обидува да го скрши Мароканецот кој успори. Верховен тргнува агресивно во последната рунда, влегув во отворена разамена и добива тешко лево кроше. Добаро го поднесена ударот и со лев висок удар го стресе Мароканецот и го нападна со серија удари при што судијата влетува и брои до 8. Во продолжението на мечот Верховен многу брзо го испрати Бен Садик на подот и му се реваншира за поразот во првиот меч.

Во првата борба во 2011 година, Бен Садик славеше со технички нокаут.

Денјо Илунга во третата рунда со десно  кроше го нокаутира Мајкл Дут и дојде до втората победа во нивниот трет натпревар. Шампионот на Шоутајм со овој успех ја прекина серијата од седум порази и две и пол години без победа.

Во битката за прв предизвикувач во перолесна категорија Тајланѓанецот Печпаномрунг Киатмокао со висок удар во третата рунда го нокаутира на Захариј Зугари.

Глори: Реиздание
Рико Верховен – Џамал ​​Бен Садик (КО, Р5)
Данио Илунга – Мајкл Дуут (КО, Р3)
Бејли Сагден – Ченглунг Џанг (едногласна одлука на судиите)
Печпаномрунг Киатмокао – Закарија Зугари (КО, Р3)

Глори 49 Супер фајт серија
Алекс Переира – Јусу Белгаруи (ТКО, Р3)
Д’Анџело Маршал – Исмаил Лонд (едногласна одлука на судиите)
Андерсон Силва – Брајан Дус (едногласна одлука на судиите)
Алим Набиев – Ники Холцкен (едногласна одлука на судиите)
Ејван Даненберг – Џејми Бејтс (едногласна одлука на судиите)

Глори 49 Ротердам
Финалето на турнирот предизвикувачи во лесна категорија:
Стојан Коприлевски – Тијани Бецати (едногласна одлука на судиите 29:27,29:27,29:27,30:26,30:26)
Кристијан Баја – Само Петје (TKO, Р1)
Омар Морено – Ањинг Ванг (едногласна одлука на судиите)

Полуфинале на турнирот во лесна категорија:
Тијани Бецтати – Никлас Ларсен (едногласна одлука на судиите)
Стојан Коприлевски – Мајкол Јурк (KO, Р1)

https://www.facebook.com/sary.uithoorn/videos/837884199669834/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО