Величковиќ испадна од ПФЛ турнирот (ВИДЕО)

Бојан Величковиќ (16-10-2) е поразен и во второто коло на ПФЛ турнирот во велтер категорија.

„Српскиот челик“ во Атлантик Сити изгуби со едногласна одлука на суидиите од Жоа Зеферино (24-9). Судиите го бодуваа мечот 30-27, 30-27, 29-28.

Бразилецот погоди си силно лево кроше во првите секунди на борбата. Величковиќ враќа со лоу кикови. Зефирино се обидува со висок удар, а потоа го погодува со десницата и во средината на рундата го урива српскиот борец.

Осумдесет секунди пред крајот се враќаат на нозе, а Величковиќ удира силен лев директ и колено, а Зеферино двапати возвраќа со десен директ.

Бразилецот е подобар во боксерските размени на почетокот на втората рунда, а по нешто повеќе од минута го руши противникот во партер и му го фаќа грбот. Само што ги врати на нозе судијата, Величковиќ ја контролираше борбата и го притисна Зефирино до жицата.

Дури и во третата рунда Бразилецот го соборуваше Србинот, но поагресивниот Величковиќ ја сврте позицијата против исцрпениот противник и дојде до полугард. Зеферино успеа да се извлече и уште еднаш го фати од позади и се закани со давење.

Во претходниот меч во Атлантик Сити, Џон Хауард во првата рунда го нокаутира Реј Купер III.

Величковиќ во првото коло во мај загуби со едногласна одлука од Бразилецот Хендесон Фереир. Со вториот пораз се опрости од настапите на турнирот.

Борбата Величковиќ-Зефирино е шеста по ред.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON