Се пензионира поранешниот светски првак Денис Лебедев

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Денис Лебедев (32-2-1НЦ, 23 KO) одлучи да ја заврши кариерата.

39-годишниот Русин, кој има статус  „шампион во мирување“ на ВБА е поставен за задолжителното предизвикувач на Алексанадар Усик, а кога Украинецот се подигна во тешка категорија требаше да се бори за испразнетата титула.

Противник требаше да му биде привремениот ВБА шампион во леснотеша категорија Арсен Гуламиријан (24-0, 16 КО), но преговорите пропаднаа пред две недели поради спор околу парите.

„Време е да го напуштам врвниот спорт. Како човек, сопруг и татко морам да се фокусирам на мопето големо семејство и да се обидам да и посветам што поголемо внимание на најблиските“, објави на Инстаграм.

Лебедев го освои појасот на ВБА со победа против Џејмс Тони во 2011 година. Го одбрани седум пати, а во 2016 година со победата против Аргентинецот Виктор Рамирез ја освои титулата на ИБФ која ја загуби од Мурат Гасиев.

Во 2011 го нокаутира Рој Џонс, а во 2009 година уште еден поранешен светски шампион Енцо Маккаринели. Последниот меч го направи во ноември 2018 година.https://www.youtube.com/watch?v=CNMgeoYj5Ps

https://youtu.be/CNMgeoYj5Ps
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО