Вејли Жанг го удира и го крева 147 килограми тешкиот Шекил О’Нил (ВИДЕО)

Шампионката на УФЦ во сламка категорија Вејли Жанг уште еднаш импресионираше со демонстрација на сила.

52 килограми тешката Кинеска се сретна со Шекил О’Нил, кој важи за еден од најголемите кошаркари на сите времиња. Жанг го удри О’Нил, а потоа го крена и покрај тоа што тежеше импресивни 147 килограми.

34-годишната Кинеска има скор од 24-3 во ММА и е во победничка серија од 3 борби. Таа во август годинава ја одбрани титулата со победата над Аманда Лемос. Само Роуз Намахунас успеа да ја победи Жанг во нејзината кариера во УФЦ.

Вејли победи 19 пати со завршница, а само Намахунас во кариерата успеа да ја победи со нокаут.Во моментов нема извесност за идната борба со Кинеската. Еве што се случи кога се запознаа Жанг и О’Нил:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО