ВБЦ и ВБА: Канело е невин

Откако беше објавено дека е позитивен на допинг тестот, Канело Алварез ја доби поддршката на федерациите за чии појаси треба да се бори.

Мексиканската суперѕвезда на 5 мај во Лас Вегас по втор пат ќе се бори со ВБА, ВБЦ, ИБФ и ИБО шампионот во средна категорија Генади Головкин. Нивната прва средба минатиот септември заврши без победник.

Голден бој промоушн потврди дека нивниот боксер е позитивен на кленбутерол во склопна доброволната анти-допинг програма. Наведуваат дека позитивниот резултат е резултат на јадење месо кое ја содржело наведената забранета супстанца.

Во соопштението на Голден бој стои изјавата на директорот на институцијата Лабораторија за спортска медицина, истражување и тестирање, во која се тестирани примероците во која вели: „Вредностите се во границите на она што се очекува кај користењето на контаминирано месо“.

Претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман, кој и пред првата борба, по претходните конфликти, по секоја цена сака да Канело да се бори за нивниот појас, застана зад боксерот.

„Ќе ја поминеме истата процедура како и со сите позитивни наоди. Ќе го следиме протоколот и ќе соработуваме со Комисијата за бокс и ќе го истражиме целиот случај. Површно кажано, со оглед на она што го знаеме за кленбутерол, во врска со откриената количина и со обѕир дека Канело секогаш беше чист и учесник во програмата за доброволен анти-допинг во последните четири години и со тоа што проблемот на кленбутеролот и прашањето за јавно здравство – се укажува на тоа дека се работи за контаминирана храна“.

И претседателот на ВБА, Жилберто Мендоза, застана зад боксерската суперѕвезда.

„Верувам во невиноста на Канело. Секогаш беше чист спортист. Се чини дека кленбутеролот е постојан проблем во Мексико. Прочитав дека ќе подвргне на секој тренажен тест и ако то аго направи ВБА ќе биде на страната на Канело со добредојден медицински надзор, како и секогаш. На 5 мај ќе имаме голема борба. Ова ќе донесе само дополнителна драма на мечот. Знам дека борбата ќе се одржи по планот и ќе ги договориме дополнителните протоколи, иако оваа постапка ја води ВАДА (Доброволната анти-допинг агенција) и тука не би требало да има никакви проблеми“.

Спортската комисија на Невада уште да донесе службена одлука за статусот на реваншот за кој во игра се мултимилионски суми.

27-годишниот Мексикански беше ВБЦ, ВБО и ВБА шампион во полусредна категорија и шампион на ВБЦ во средна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО