Шампионски старт на Хва ранг ИТФ со 21 медал на „Србија опен 2018“ (ФОТО)

Теквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец –Охрид освои 21 медала – 4 златни, 4 сребрени и  13  борнзени изминатиов викенд на Меѓународниот турнир од А класа „Србија опен 2018“ во Суботица, Србија. Хва ранг ИРФ настапи со 17 натпреварувачи  од кои тројца беа дебитанти.

На турнирот учествуваа на натпреварувачи од  34 клубови од 14 земји – Украина, која е трета светска сила во ИТФ таеквондо, Бугарија која е четврта светска ИТФ сила, Словенија, Словачка, Чешка, Аустрија, Унгарија, Хрватска, БиХ, Србија, Романија, Италија, Македонија, Грција. Притоа учествуваа неколку светски и европски актуелни шампиони, со што турнирот доби на квалитет.

Медали ги освоија:

-Филип Јосифоски          сребро – борби -64 кг сениори,
                                                  бронза – форми црн појас II дан.

-Миле Климоски               злато – форми црвен појас сениори.

-Јане Димов                         злато – форми зелен појас јуниори 16-17 години,
                                                 бронза – борби +75 кг јуниори 16-17 години.

-Антонио Јанески            златен – форми зелен појас јуниори 14-15 години.

-Божидар Димитриевиќ бронза – борби +70 кг јуниори 14-15 години.
                                                    бронза – форми плав појас јуниори 14-15 години,

-Анастасија Велјаноска  бронза – борби -60 кг јуниорки 14-15 години,
                                                   сребро – форми жолт појас јуниорки 14-15 години.

-Ангела Велјаноска         бронза – борби -55 кг јуниорки 14-15 години,
                                                  бронза – форми жолт појас јуниорки 14-15 години.

-Христијан Митрески   сребро – форми син појас јуниори 14-15 години,
                                                 бронза    борби +70 кг јуниори 14-15 години.
-Елена Јанеска                  злато – борби +40 кг девојчиња 10-11 години,
                                                 бронза – жолт појас девојчиња 10-11 години.
-Давид Велковски           бронза – борби -60 кг. Јуниори 14-15 години.
-Филип Трифуноски      борби -55 кг кадети 12-13 години.
-Стефан Каланоски        бронза – форми зелен појас  јуниори 14-15 години.
-Давид Крстески              сребро – борби -35 кгдеца  10-11години,
                                                бронза – форми син појас деца  10-11години.

„Многу земји го искористија овај турнир за да ги проверат своите репрезентаци пред Европско првенство во Талин, Естонија. Ние го тестиравме репрезентативецот Филип Јосифоски кој ќе не претставува на Европското. Презадоволни сме што во својата категорија во борби го освои второто место, притоа загуби од актуелен светски вицешампион Антон Огорелков, репрезентативец на Бугарија, а во регулараното време извади нерешено. Борбата ја загуби на продолжение со многу тесна разлика. Исто така во про теквондо се бореше со актуелениот светски шампион Рами Шау, репрезентативец на Бугарија, и пак загуби со многу тесна разлика. Ова покажува дека ветува добар пласман на Европското првенство во Талин, Естонија, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

Ipon.mk

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО