ВБЦ го именуваше Витали Кличко за Вечен првак (ВИДЕО)

vitali-klitschko-wbc-pojas

Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во Флорида ја одржа годишната конвенција.

Откриен е споменик на Мухамед Али, а посебно признание му беше врачено на украинскиот великан Витали Кличко.

Рој Џонс Џуниор во името на ВБЦ на Кличко му ја врачи наградата за „Вечен светски шампион во тешка категорија“.

Кличко последен пат сте се бореше 2012 против Мануел Чар, а кариерата ја заврши со 45 победи (41 КО) и 2 порази. Иако двата неговипорази се водат како прекини, никогаш не бил нокаутиран. Губеше поради повреда на рамото против Крис Бирд, и поради исечиница на окото против Ленокс Луис. Во двата меча ведеше на бодовните картички пред прекинот.

Кличко е првиот професионален светски шампион со докторат. Никогаш во професионалната кариера не бил нокаутиран, а со Џорџ Форман е единствениот шампион во тешка категорија во историјата кој по 40-година ја одбранил титулатаи. Денес е градоначалникот на Киев.

„Ништо не е невозможно. Јас сум роден во Советскиот сојуз, голема земја  во која професионалниот бокс беше забранет. Го гледав Тајсон кога стана најмладиот светски шампион во тешка категорија во 1986 година и и реков на моите пријатели: Момци, знаете што? Еден ден ќе се борам со момци како него. Еден ден ќе бидам светски шампион во тешка категорија“, изјави Кличко.

„И дојде денот кога јас го носев тој зелен појас кој еднаш беше на Тајсон, кој му припаѓал на Мухамед Али. Едно време беше мој“.

„Тоа е многу важно да се има сон и да сториш сé за сонот да ти се оствари“.

https://youtu.be/j0RCsynXm0w

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО