Владимир Кличко: За мечот со Џошуа ќе имам 41 година! Проблем ли е тоа?

klicko-dzosua-raka-za-raka

Украинецот Владимир Кличко (64-4, 53 КО) не смета дека тоа што е постар 13 години од Британецот Ентони Џошуа (18-0, 18 КО) ќе влијае на нивниот меч. Средбата официјално беше потврдена вчера. Тие ќе боксираат на 29 април на „Вембли“, а Кличко ќе наполни 41 година во март.

dzosua-klicko-satistika

„Возраста е само бројка. Така се чувствувам во моментов. Прашањето е како ќе изгледам во рингот. Ќе имам 41 година. Проблем ли е тоа? Овие прашања се одлични за луѓе кои имаат сомнежи. Колку повеќе прашања има пред спортски настан – кој, каде, кога, како – толку подобро. Но, возраста е само бројка, се чувствувам одлично“, рече Кличко за Скај спортс.

На прес-конференцијата по победата против Ерик Молина Џошуа објави дека возраста ќе биде голем фактор во мечот, но прецизира дека не може да очекува победа, само затоа што е помлад. Другото големо сомневање пред средбата е околу тоа што Кличко не излегол на рингот од ноември 2015.

„Не сум имал толку долга пауза во 26-годишната кариера. Но имав време да се организирам, да го наполнам оружјето и само сакам да пука. Сакам да се вратам и сакам да си ги вратам титулите. Сакам да дадам волја на целата фрустрација која е натрупана поради тоа што толку време не сум излегувал на рингот“, додаде Кличко.

klicko-dosua-plakat-za-spektakl

Средбата е за титулата на ИБФ, која Џошуа ја држи и за „супер“ појасот на ВБА, кој беше испразнет од Тајсон Фјури. Кличко го пофали и Џошуа за постигнувањата во последните години.

„Секогаш сум го поддржувал Ентони, јавно реков дека сум фан на неговиот талент. Оваа мало дете порасна, станува се поголем и посилен. Статистиката му зборува сама за себе. Тој е и светски шампион. Постигнам многу во овие 27 години. Сакам предизвиците, а тој е предизвик. Но нема ништо лично, само бизнис“, рече Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО