Васо повторно направи хаос, го маваше противникот со појасот и ја перврте масата (ВИДЕО)

Само неколку дена по победата против Тончи Перушко на ЦФЛ настанот, Васо Бакочевиќ учествуваше на прес-конференцијата на која требаше да ја најави својата борба против Живко Стоименов на Мегдан ФЦ настанот. И тој повторно беше во центарот на вниманието поради својот карактер.

На почетокот сè беше во ред, борците одговораа на прашањата со вообичаена доза валкано зборување и најавување на доминантна победа. Се додека Живко не доби прашање за тоа како предизвикал многу поискусен борец, односно борец кој има десет пати повеќе битки од него. Живко потоа почна да зборува за тоа дека го почитува Васо како борец, но и дека го смета за кловн. Тогаш Васо му одговори на противникот дека не го респектира, го нарече погрден израз, за што Бугаринот му вети дека ќе го претепа.

До тогаш веќе не му требаше долго време на Бакочевиќ да реагира, тргна и се обиде веднаш да го одработи воведот во борбата, но навреме беше запрен, туркајќи само неколку работи на масата. Навидум ситуацијата се смири, борците се вратија на своите места, но Живко тогаш му го покажа средниот прст и го погоди Бакочевиќ со хартијата што се најде пред него. Потоа Црногорецот по противникот маваше со шампионскиот појас што го држеше пред себе и ја преврте масата и тргна со тешки навреди кои нема да ги цитираме. Ако навистина ве интересираат, пред вас е видеото од целиот настан.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО