Васо Бакочевиќ потпиша договор со најсилната светска организација! Наскоро ќе дебитира на настан во Европа

Најпопуларниот балкански борец Васо Бакочевиќ објави одлична вест: Потпиша договор со најсилната светска организација – Bare Knuckle FC! Често истакнуваше дека најмногу се пронаоѓа во боксот со голи раце, а откако забележа три победи во исто толку борби, сега ќе се натпреварува на најголемата сцена.

Како што објави на својот Инстаграм профил, наскоро ќе дебитира на една од европските ревии на оваа промоција, а тврди дека наскоро ќе ги дознаеме сите информации.

Првата победа во оваа дисциплина ја постигна во октомври 2020 година против Дариуш Руткевич во Полска, потоа одржа два меча во Србија и победи против Бојан Косенар (2021) и Лука Зебец минатата година. Сега го чека четвртата борба, на која ни останува само да му посакаме среќа и да ја продолжи серијата без пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО