Васко Цубалевски, тренер на бокс репрезентацијата: На Европските игри во Полска очекувам успех на нашите репрезентативци

Македонија ќе има 17 претставници во седум спортови на Европските игри, кои ќе се одржат во Краков од 21 јуни до 2 јули. 

Ова е трето издание на Европските игри и би требало да претставуваат индикатор за формата на македонските најстакнати спортисти во олимписките спортови, на една година до Олимписките игри во Париз.

Македонија ќе настапи со тројца боксери: Озмен Илхан Атила, Ален Рустемовски и  Арјан Исени, кои ќе ги предводи тренерот Васко Цубалевски.

За настапот на нашите боксери Цубалевски вели:

„На Европските игри кои ќе се оддржат во Полска очекувам успех на нашата репрезентација. Ќе настапиме со тројца млади но доста надежни боксери, Илхан Озмен, Ален Рустемовски и Арјан Исени. По жребот на 22 јуни ќе се знае најдобро каде ќе можеме да атакуваме на борбите кои почнуваат на 23 јуни, па продолжуваат на 25 и 27, а на 28 е четвртфиналето, додека на 30 јуни е полуфиналето и на 1 јули финалето. Не можам да одвојам некој од тројцата боксери како подобар или послаб, затоа што сите тројца ветуваат многу за боксот, иако се млади и се докажани. Илхан Озмен на последната проба во Белград на турнирот од А категорија „Белградски победник“ го победи далеку поискусниот Казахстанец Васили Самчук и се закити со бронзениот медал. Со тоа покажавме дека можеме да се носиме и со најголемите светски сили. Исто така, по три оддржани кола во Првата македонска бокс лига е без пораз и е најдобриот боксер во домашната лига. Илхан имаш одлични партии во Регионалната бокс лига. Арјан Исени покажа на Светското првенство во Узбекистан дека е боксер за големи настани каде отвори со победа против Руиз Ферера од Парагвај, а потоа имаше одлична борба против русинот Имам Катаев. Додека Ален Рустемовски е докажано младо момче кое во првата година како сениор во Регионалната лига е непоразен во ниту едно коло, а истиот имаше и добар настап на Светското првенство во Узбекистан“.

За подготовките на нашите боксери тренерот на репрезентацијата истакнува дека подготовките течат одлично.

„Нашите боксери ги исполнија нормите за овие Европски игри. Има одлична атмосфера во нашиот табор и имаме огромна поддршка од раководството на Националната боксерска федерација и МОК. Оваа година нашите боксери имаа добар настап во Регионалната бокс лига, освојувајќи го високото петто место од 10 екипи, но за жал не се квалификувавме на фајнал форот. Сепак, со ова темпо може да очекуваме успеси догодина во Регионалната лига.  Домашната прва лига и оваа година се оддржува, има голема заинтересираност на клубовите од цела држава и од година на година станува се поквалитетно натпреварување. Можам да изјавам дека со сигурност боксот оди во нагорна линија“, тврди Цубалевски.

УЧЕСНИЦИ НЕ ТРЕТИТЕ ЕВРОПСКИ ИГРИ

Емил Павлов – Карате
Анастасија Мојсовска – Спортско стрелаштво
Мартин Ангелески – Спортско стрелаштво
Мирјана Релиќ – Таеквондо
Анамарија Георгиевска – Таеквондо
Дејан Георгиевски – Таеквондо
Димитар Пејчиновски – Текбол
Анѓел Петрушев – Кајак
Никола Малевски – Кајак
Владимир Малевски – Кајак
Николовски Никола – Мечувалство
Србиноски Петар – Мечувалство
Дамјаноски Петар – Мечувалство
Тодороски Матеј – Мечувалство
Озмен Илхан Атила – Бокс
Ален Рустемовски – Бокс
Арјан Исени – Бокс

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО