Седум медали за борач(к)ите на Олимпија и прво место во екипен пласман на „Трикала“ во Грција

Борачите на Олимпија освоија седум медали – 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени на Меѓународниот турнир Трикала во Грција. Воедно, во екипна конкуренција Олимпија, односно Македонија е прва, пред Грција и Словачка.

Златни медали освоија Анастасија Трајчева (50 кг) и Андреа Нисева (54 кг) во У-15 (2008-2009).

Сребрени медали за Дарко Коцев (41 кг), Леон Стојанов (62 кг) во слободен стил 2008-2009 (У-15) и Христијан Димитриев (85 кг, 2010)).

Со бронзи се закитија Лука Николов (57 кг) и Филип Тодоров (62 кг) во У-15.

Андреа Нисева извојува четири убедливи победи со технички туш (10-0), додека Анастасија Трајчева до фианлето имаше три победи, а во фианлето ја декласира Гркинката за 30 секунди, победувајќи ја со туш.

На турнирот настапија околу 200 борачи од Македонија, Грција, Словачка, Молдавија и Хонк конг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО