Данов за Македонскиот бисер: Имаше интересни борби, на СП ќе одат најподготвените, целта е олимписки норми

Вчера во Штип се одржа 47-то издание на „Македонскиот бисер“ на кој учествуваа борачи од 14 држави. Трофејот го освои европскиот првак Владимир Егоров, а Фати Вејсели беше прогласен за најдобар домашен борач, додека Рамазан Рамазанов од Бугарија е најдобриот странски борач.

Борбите во Штип ги следеше селекторот на сениорската репрезентација Бобан Данов.

„Имаше доста интересни борби. Се очекуваше интересна борба во категорија до 61 кг каде се сретна нашите репрезентативци Егоров и Бесир Алили, при што Владимир му се реваншира за ланското финале, кога изгуби со резултат 2-1 а сега победи со 11:0.“, вели Данов и додава:

„На турнирот не учествуваа двајцата наши репрезентативци Аахмед Могамедов, освојувач на бронзениот медал од последното Европско првенство, а не настапи поради повреда на ребрата. Исто така, поради вирус, на душекоот не се појави и Могамедгаџи Нуров.

Моментално и двајцата се чуствуват добро и се оцекува нивен настап од 23 јуни на силниот турнир „Јашар Догу“ во Турција“.

Според Данов, целта е Светското првенство во Белград, Србија.

„Наша цел е СП во Белград..На свеското ќе настапиме со најсилниот состав. До СП ќе учествуваме на неколку силни турнири и кои ќе се покажат најподготвени тие и ќе патуват. СП е од многу големо значење, бидејки првите 5 пласирани на обезбедуваа норма за Олимпијадата во Париз 2024 година“.

Во составот на репрезентацијата, вели Данов, ќе бидат до 57 кг Владимир Егоров , -61 Бесир Алили, -70 кг Фати Вејсели, -74 Расул Шапиев, -79 кг Ахмед Могамедов, – 86 Дејан Митров и до 97 кг Могамедцаџи Нуров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО