На Улрик Бокеме му ги избија забите (ВИДЕО)

Кикбоксерот на Глори, Улрик Бокеме, имаше прилично лоша ноќ во рингот.

Бокеме се соочи со Мајкл Боапеа во борба во средна категорија. Нивната борба беше дел од главната карта на Глори Колишн 5 кој се одржа во Ротердам. По навидум нормална размена на удари, Бокеме се сврте и му сигнализираше на судијата дека нешто не е во ред со неговиот штитник за заби.

Улрик беше повеќе од во право дека има проблем. По прекинот на борбата, штитникот на Бокеме испадна, а со тоа и предните заби. Ова го натера судијата да ја прекине борбата во втората минута од првата рунда.

Сепак, кошмарот не заврши тука, бидејќи Бокеме во својот агол рече дека некои од забите му се на подот, а другите ги проголтал. Погледнете видео од инцидентот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО