Васили Ломаченко се враќа на 22 октомври

Поранешниот светски шампион во три тежински категории, Украинецот Васили Ломаченко се враќа во рингот. Ова ќе се случи на 22 октомври.

Веста е објавена на социјалните мрежи на порталот Luckypunch.net. Информацијата доаѓа од потпретседателот на Топ ранг, Карл Морети. Информираат дека штом компанијата добие потврда дека Ломаченко ќе ја напушти Украина, ќе се избере противник за него и ќе се одреди местото за борба.

Ломаченко дебитираше во професионалниот бокс во 2013 година. Васили ја одржа последна борба во декември 2021 година, победувајќи го Ричард Коми со одлука на судиите.

Вкупно има 18 борби во професионалниот бокс, во кои на 16 победил (11 со нокаут) и претрпел два порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON