Познати добитниците на бонусите на УФЦ 277: Морено награден четврти пат по ред

Вкупно четворица борци ќе си заминат дома побогати за дополнителни 50 илјади американски долари.

Иако настанот УФЦ 277 не доби ни приближно толку внимание како ППГ настанот што се одржа на почетокот на седмиот месец (УФЦ 276), на крајот тоа беше многу возбудлив настан со неколку прекини и добри изведби.

Борците како Дру Добер, Николае Негумереану и Мајкл Моралес остварија големи победи со прекин во воведниот дел од настанот, а видовме четири прекини во петте натпревари од главната карта. Не беше лесно да се одлучи кој ги заслужува бонусите, но промоцијата конечно одлучи да награди четворица борци со 50.000 долари.

Александре Пантоја секако заслужи бонус со фантастичниот настап против Алекс Перез. Четврторангираниот борец во мува категорија на УФЦ реши да остави што подобар впечаток за да се наметне како следен предизвикувач, а од првата секунда ја окупира средината на кафезот и жестоко го нападна Перез. На Бразилецот не му требаше многу време за да му го фати грбот на противникот, а го принуди да се потчини со удар на вратот по само 91 секунда од борбата. Тоа беше еден од најдобрите настапи во неговата досегашна кариера, а за тоа беше награден со четвртиот УФЦ бонус севкупно (3 potn, 1 fotn).

Бонус за најдобар настап доби и Дру Добер. Американскиот борец во лесна категорија е „имунизиран“ од досадни натпревари и секогаш е забавен за гледање. Денеска не беше ништо поразлично, со нокаут во третата рунда го совлада Рафаел Алвеш. Трипати Добер беше наградуван со бонус за најдобар настап, а двапати беше од „борба на ноќта“. Така, со победата против Алвеш, по петти пат во кариерата доби УФЦ бонус.

Преостанатите двајца добитници на бонусот од 50.000 долари се Брендон Морено и Каи Кара-Франс. Тие се наградени со бонус што им се доделува на актерите за најдобрата борба на вечерта.

Нивниот меч за привремен шампион во мува категорија ги оправда очекувањата и гледавме речиси 15 минути акција. Морено на крајот победи со ТКО, но ККФ ќе си оди дома побогат со дополнителни 50.000 долари, како за утеха.

Морено доби бонус во секој од неговите последни четири настапи. Тој го освои три пати за борба на вечерта и еднаш за настап. Вкупно шест пати го освоил бонусот на УФЦ.

Каи Кара-Франс исто така е бонус машина во последно време. Четири бонуси во последните пет настапи е неговиот учинок. Двапати го освои за учество во борба на вечерта, а двапати за најдобра изведба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО