Васил Ломаченко покажа што ќе му направи на Хенри Сехудо во евентуалниот меч

Светскиот боксерски шампион и златен олимписки медалист Васил Ломаченко не се плаши од Хенри Сехудо.

Пред неколку дена, двојниот шампион на УФЦ одлучи да го предизвика Ломаченко на боксерски меч, а го доби и одговорот на Васил. Ломаченко му одговори на Сехудо и му покажа што ќе му се случи ако реши да се качи во рингот со светскиот шампион кој е во серија од 12 последователни победи.

Сехудо не се откажа и одлучи да потсети на првиот и единствена пораз на Ломаченко, што си го допушти против Орландо Салидо во 2014 година. Сехудо го повика Васил да клекне на колена, затоа што верува дека ќе го победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО