Вашареска и Петров настапија на Балканското првенство, Никола забележа една победа

На вториот ден на Балканското првенство за пионери во Кожани, Грција,  настапија двајцата наши репрезентативци, притоа Валентина Вашареска (+63 кг) првата борба ја загуби до романската репрезентативка, а потоа не доби репесажна борба за понатамошни борби, додека Никола Петров (-73 кг) во првата борба се сретна со џудист од Романија која ја загуби.

Во репасажот го победи преставникот Црна Гора,а па во третата  борба  (финален репесаж за борба за трето место) се бореше против  репрезентативец на БиХ. Во долга рамноправна и неизвесна борба резултатот беше нерешена. Борбата продолжи на „златен поен“, при што на крајот Никола загуби на казнен поен, и, за жал, не успеа да се пласира во борбата за 3-тото место.

„Стручниот тим е задоволен од прикажаното, притоа мора да се има предвид фактот дека се работи за млади натпреварувачи кои дебитираат на вакви првенства од висок ранг. Им претстојата уште многу турнири и борби и во натамошниот период од нив може да се очекуваат и резултати на вакви натпреварувања“, велат од Џудо федерцијата на Македонија.!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON