Вардарци ќе го бојкотираат Европското првенство во Полска?!

Врадарци неизвесни за ЕП

На фејсбук страницата на БК Вардар се доведува во прашање учеството на нивните членови на Европското првенство до 23 години во Полска, кое почнува утре.

„Сите подготовки што ги спроведовме во последниот месец не коштаат околу 4.500 евра. Сите изјавуваат дека МОК ги обезбедува подготовките во Белкемен во Бугарија и ги сноси сите трошоци за ЕП У23 во Полска, а ние тоа го разбравме од медиумите. Од друга страна, нашите борачи се подготвуваа во Дагестан и во Шведска. Припремите и авионските карти сами ги сносиме (плати БК Вардар). Нашите кандидати се: Халил Зубаиров (-86 кг) слободен стил, Кристијан Пешко (-66 кг) и Тимур Хамикоев (-85 кг) грчко-римски. Кристијан утре (се бореше вчера-н.з) на Државното првенство на Шведска ќе се бори за бронзен медал, предводен од тренерот Нено Јовановиќ, а Љубиша Пешко е во Германија на презентација и заврсни подготовки во СВГ Вајнгартен, каде што со нашите борачи ќе се обидат да ја освојат титулата во германската Бундеслига“, се наведува на страницата на БК Вардар.

Потоа се наведува дека купиле авионски билети од Франкфурт до Катовице (до Валбржич има уште 250 км) и не знае како ќе стигнат до таму, иако  доставиле трошковник до претседателот на ФБСМ, Цедо Николовски, за превоз и учество на нивните спортисти на ЕП У23 уште пред една недела, но досега ништо не им било обезбедено.

„Па, така не можам да кажам дека со сигурност ќе учествуваме, иако многу се ангажиравме и сериозно трениравме за освојување на највисоки пласмани на првенството“, – се нагласува на страницата, најверојатно тоа е видување на тренерот на клубот Љубиша Пешко.

Cedo Mok

Пишува дека само за учество еден борач за четири дена се плаќа по 150 евра на ден, односно 600 евра, па за котизација 100 евра и  уште 150 за УВВ лиценца, плус авио билети и пропратни трошоци е еднакво на 1.500 евра или за тројца 4.500 евра.

Се ставаат уште 1.000 евра за тренер. За да се констатира дека БК Вардар нема 5.500 евра за да финасира репрезентативни активности.

„На нас навистина не ни е јасно, како може да освоиме медали и да оствариме некаков резултат, туку прашање е дали и ќе настапуваме на таква манифестација, како Европското првенство до 23 година?! А, воопшто и да не спомнуваме олимписки норми“, заклучуваат од БК Вардар.

Претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) за ipon.mk рече дека на петмина борачи им се платени трошоците за патувањето и претсојот на ЕП во Полска, односно на Јасин Реџелари, Бехар Махмути, Бесмир Весели, Халил Зубаиров и Тимур Хамикоев, а дека трошоците за Кристијан Пешко ги сноси неговиот татко, Љубиша Пешко. Всушност, трошоците се на сметка на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Николовски уште еднаш ни потврди дека за петмина борачи се платени трошоците, кои направиле резултат на Изборното првенство. Од друга страна, тој истакнува дека предвреме не може да се даваат државни пари, ако не оставри резултат на меѓународно ниво, според критериумите на Агенцијата за млади и спорт.

-Јас сум уверен дека Хамикоев и Зубаиров се квалитетни борачи. Верувам дека Зубаиров има големи шанси да освои медал. Потоа неговиот третман е поинаков и ќе ги добива сите потребни средства, – изјави Николовски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО