Вардарци освојуваат медали и во Германија (ФОТО)

Денес на големиот Меѓународен турнир „Ландесмајстершафт” во Келн, Германија, за јуниори до 20 години, вардарците во грчко-римски стил освоија две одличја – златен и сребрен медал и едно четврто место.

Златен медал освои Стефан Митев (-87 кг), а сребро Љупче Митев (-82 кг), додека Милан Трендов (-67 кг) го зазеде четвртото место.

Тренерот Благој Трендов вели дека неговите борачи покажале извонредни борби и оствариле одличен резултат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО