Кро Кап му посака среќа на Федор во последниот меч: Засекогаш ќе останеш икона на слободните борби

Федор Емелијаненко викендов последен пат влегува во арената. Руската боречка легенда заминува во пензија по 23-годишна кариера, а на крајот сака да го освои шампионскиот појас во тешка категорија на Белатор.

Во последната борба ќе се обиде да го симне од тронот Рајан Бадер. Нивниот натпревар е насловен на настанот Белатор 290 во Инглвуд.

И во пресрет на последната борба на Федор, Кро Кап, кој некогаш се бореше против Русинот, се огласи на својот Фејсбук.

Утре рано наутро, последниот великан и шампион на Прајд, Федор Емелијаненко, ќе ја напушти борбената сцена по неговата последна борба!

За мене, најголемиот и најкомплетниот ММА борец на сите времиња!

Задоволство и привилегија беше еднаш да го поделам рингот со него, како и многупати да ја делам соблекувалната во Саитама арена.

Без разлика на исходот од утрешниот меч, за мене и за многу други, вие останете засекогаш икона на слободните борби и најдобар на сите времиња (ГОАТ). Со среќа, Федор!“, напиша Мирко Филиповиќ под заедничката фотографија со Федор Емелијаненко.

Мирко и Федор се познаваат со години, кога настапуваа на настаните на Прајд. И двајцата со златни букви ги  испишаа своите кариери во историјата на ММА спортот, а многу фанови често со задоволство се сеќаваат на нивните борби.

Еднаш се бопреа во летото 2005 година, кога Федор по три фантастични рунди го победи Мирко со судиска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО