Вардар загуби од Лозница во дербито на Регионалната бокс лига (ФОТО)

Вардар е поразен во дербито на Регионалната боксерска лига од Лозница со 3-7.

Мечот се одржа во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ и со пренос на ТВ Аренаспорт 1.

Како и што се очекуваше, боксерите на Лозница го оправдаа фаворитскиот статус, а нејзините боксери демонстрираа добра техничка и физичка подоготвеност.

Победи за Вардар обезбедија Беќир Лимани, Шпетим Бајоку и Милош Терзиќ. Јасин Лама беше близу победа и немаше да биде грешка ако тој победеше во дуелот со Јовановиќ, кој беше еден од најдобрите.

Инаку, Вардар поведе со победата на Лимани кој со Дјукановиќ почнаа жестоко од страт и тоа беше највозбудлива борба.

Бајоку покажа дека е фатер без компромис и се бореше до крај со Стошиќ. Терзиќ покажа дека е квалитетно засилување, а јавната опомена во третата рунда беше голема закана за пораз.

Боксерот на Лозница, Милисав Савиќ, демоснтрираше врвен бокс и ја доби тешкашката пресметка со прекин. Тој имал и неколку професионални мечеви, а и доминирал во Лигата на Србија.

Тренерот Насер Харуни вели дека има место за корекции и дека за наредното коло Вардар ќе биде посилен за Ардијан Аземи кој сега отсуствуваше од оправдани причини.

Претседателот на Боксерската федерација нан Македонија, Примислав Димовски, е задоволен од прикажаното и од организацијата на мечот.

Раководството на Лозница е задоволно од резултаот и најавува атак на титулата.

Меѓу гостите беа легендите Аце Русевски и Вели Мумин.

Вардар – Лозница 3-7

Јуниори

56 кг Беќир Лимани – Дарко Дјукановиќ победа со судиска одлука

64 кг Сури Усеинов – Един Сулиќ ТКО

Сениори

56 кг Луар Алиу – Тамир Галанов пораз со одлука

60 кг Дрилон Арифи – Семиз Аличиќ пораз со одлука

64 кг Јасин Лама – Ненад Јовановиќ пораз со поделена одлука   

69 кг Шпетим Бајоку – Петар Стошиќ победа со поделена одлука

75 кг Октај Фератов – Алмир Мемиќ пораз ТКО Р1

81 кг Милош Терзиќ – Слободан Јовановиќ победа со поделена одлука

91 кг Петар Мауковиќ – Милисав Савиќ пораз со ТКО Р1

+91 кг – Владан Бабиќ службена победа

Распоред на 1.коло:

Група А

Вардар Скопје – Лозница 3-7

Железничар Сараево – Подгорица (28.05.2021)

Група Б

Витези Загреб – Радник Бјелина (05.06.2021)

Црвена звезда Белград – Марибор (29.05.2021)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО