Петар Арсовски победи со прекин за полуфинале и бронзен медал на ДП на Бугарија

Петар Арсовски ја забележа втората победа на Државното поединечно првенство на Бугарија како член на Локомотив од Софија. Со оваа победа Арсовски се пласира во полуфиналето и во раце го има бронзениот медал.

Арсовски (52 кг) експресно го откажа противникот Тенур Онур од БК Добрич.

„Тргнавме офанзивно, бидејќи ова беше медал меч и се боксува на 100 отсто, особено кога за противник имаш домашен боксер од Добрич. Уште во првата рунда поведовме убедливо, меѓутоа противникот е искусен боксер и веднаш почна да удира нечисто. Судијата дури и два пати му даде јавна опомена на противникот.

Веќе во втората рунда противникот се најде во сериозни проблеми и со прекин во 2-та рунда Петар Арсовски победи во четвртфиналето и се пласира во полуфиналето“, вели Александар Арсовски.

На Државното првенство во Добрич настапуваат 119 јуниори од 39 клуба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО