Ломаченко загатнува борба во УФЦ

Поранешниот светски шампион во бокс во три тежински категории, Украинецот Васили Ломаченко, не исклучува деби во УФЦ. 33-годишниот ветеран доби подарок кој вклучуваше ММА ракавици и опрема од најголемата светска ММА организација.

Ломаченко го отвори подарокот и беше видно задоволен. Изјави дека ништо не се знае и можеби еден ден ќе влезе во кафезот на УФЦ. Васили беше во серија од 13 последователни победи, но на крајот на 2020 година ја загуби.

Тој беше поразен со одлука на судиите од Теофимо Лопез и се раздели со титулите во лесна категорија ВБА (Супер) и ВБО. На крајот на следниот месец, Васили ќе се врати во рингот за да се бори со Масајоши Накатани, кој исто така загуби од Теофимо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО