Вардар го праќа Гаџиханов на СП во Тбилиси, ФБСМ во аут

pesko-i-ramazan-gadzihanov-vo-tbilisi

Приказната се повторува, како и за Европското првенство за кадети во Шведска, така и сега за Светското кадетско првенство во Тбилиси, Грузија, од 13 до 18 септември. Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) е во аут по оставката на претседателот Ванчо Чифлиганец и нема пари за функционирање на зацртаните програми.

Единствен борач кој ќе патува на СП е борачот на БК Вардар, Рамазан Гаџиханов, и овој пат на сметка на клубот, како што беше и за ЕП во Шведска.

Тренерот на Гаџиханов, Љубиша Пешко, вели дека се обратиле до ФБСМ, по повод СП во Тбилиси, но не добиле одговор.

Gadzihanov zafat na EP 2016

Сепак, што може да очекуваме од овој талентиран борач.

„Победа си е победа , пораз си е пораз! Не барам никакво оправдување за настапот на Рамазан на Европското за кадети , иако со 100 отсто докази тврдам дека соперникот од Русија беше 3 години повозрасен од дозволената кадетска возраст !

Но, Светското првенство во Грузија ќе биде послабо во однос на Европското и по квалитет и по квантитет. Иако секогаш моите борачи/ ученици безрезервно одат на победа и прво место. Ќе бидам многу задоволен доколку Рамазан се пласира меѓу првите 5 борачи до 58 кг.

Со оглед на тоа дека и следната година има право да настапува на кадетските манифестации – ние оваа година го тестираме и следиме неговиот ранг и способности до 58 кг, за да ги надоградиме психо-физичките способности и квалитети за следната година да не израдува со медал од Европско и Светско првенство до 63 кг. ( под раководство и надзор на тренерот Гајдар Гајдаров и братучед му Заур Ефендиев )“, вели Пешко.

Ljubisa Pesko portret

Тој наведува дека пред Европското во Шведска , бил голем оптимист, но со резерва, со оглед на тоа дека Рамазан е подмлад од своите противници, и дека тоа било најдобро и најмасовно ЕП некогаш одржано во историјата на модерното борење.

„Со правото да учествуваат по двајца борачи во тежинските категории, велесилите максимално ја искористија таа бенефиција и приоритетно изавојуваа победи над претставниците од средниот ранг и малите земји. За да биде уште подрастично, неправично, според мене, беа забележани малверзации со старосната возраст, во која водечки забележителни преправки имаа претставниците од Русија, Азербејџан, Турција и Грузија, а по некој претставник од Полска, Бугарија и Романија. Според мене , тој фалсификат со возраста на борачите е подрастичен отколку допинг скандалот“, истакнува Пешко и додава дека експериментот со учество на двајца претставници од една земја, се покажал како неуспешен, затоа што не дошло до популаризација на борењето, туку имало негативен ефект – уништување и деградирање на помалите земји и послабите претставници!

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО