Вардар 1961 освои два медала на ДП, а се надеваат на олимписка норма на Вероника Рјабоволова

Борачите на Вардар 1961 вчера го задржаа континуитетот од минатите сезони и на Државното сениорско првенство во Кочани имаа резултат два од два, што за клубот е одличен резултат.

Вероника Рјабоволова го освои првото место во категоријата до 55 килограми, а. Стефан Димчевски 92 кг) бронзениот.

Тренерот на Вардар 1961 Игор Неделковски е задоволен од остварените резултати во сениорска конкуренција, истакнувајќи дека ова е одличен резултат за неговиот клуб, а во олимписката година акцентот ќе биде на Рјабоволова.

Неделковски очекува добар резултат на Вероника на претстојното Европско првенство во Букурешт и обезбедување на норма за Олимпсиките игри во Париз оваа година.

Според старегот на Вардар 1961, клубот го задржал континуитетот на успешни настапи и преодот на младите борачи во повозрасните категории. Од клубот се надеваат на уште поголеми резултати во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО