Резултати Државно првенство во борење за сениори: Егоров-Алили најинтересна борба, Вардар најуспешен (ФОТО)

Денес на Државното сениорско првенство во борење во Кочани најуспешен клуб беше Вардар.

Борачите на Вардар собраа 34 поени, пред Лирија 27, Бучим 24, Балканец 23, Спартак 18, Студеничани 11, Чаир 5, Вардар 1961 2, Тефејуз, Неготино, Киро Ристов и Шкупи по 1.

Најинтересна  и борба со многу жар беше онаа во категоријата до 61 килограм меѓу Владимир Егоров и Бесир Алили која беше неизвесна до самиот крај. Егоров ја извојува победата во последните секунди, а победник можеше да биде и Бесир. Сепак, публиката ја поздрави највозбудливата борба.

Фаворитите во дел од категориите не дозволија изнендаување,како Фати Вејсели, расул Шапиев,Магомедгаџи Нуров, Ахмад Магамедов, Реџеп Хајдари.

Помалку Државното првенство за сениори заличе на првенство за ветерани оти се појавија борачи со по 50 и повеќе години, а селекторот Бобан Данов рече дека ова му е последна борба, со тоа што првата борба ја доби, а наредната ја предаде.

Во Федрацијата ќе мора да размислуваат во повеќе насоки, како системот на натперварувања, придобивката од натурализираните борачи, стручна надградба, за намалувањето на фондот на борачи, формирање на лига-натпреварување за младите категории, формирање на тренинг бази и други работи.

Спартак се покажа како одличен домаќин.

Резултати:

57 кг
1.Мехмед Усеинов (Бучим)
2.Зоран Митев (Спартак)
3.Дамјан Крстов (Спартак)
3.Драган Глигоров (Спартак)

-61 кг
1.Владимир Eгоров (Балканец)
2.Вемри Авдили (Вардар)
3.Бесир Алили (Лирија)
3.Стефан Штерјов (Спартак)

65 кг
1.Арбен Сејди (Лирија)
2.Јован Атанасов (Балканец)
3.Арбен Абази (Студеничани)
3.Андреј Наков (Вардар)

70 кг
1.Мухамед Феруки (Лирија)
2.Арсим Беќировски (Студеничани)
3.Александар Миланов (Вардар)
3.Иван Јанев (Бучим)

74 кг
1.Фати Вејсели (Лирија)
2.Марко Андонов (Вардар)
3.Џахид Латифи (Студеничани)
3.Дамјан Смилков (Балканец)

79 кг
1.Расул Шапиев (Спартак)
2.Дејан Митров (Балканец)
3.Басри Јусуфи (Студеничани)
3.Мартин Иванов (Бучим)

86 кг
1.Ахмад Магамедов (Чаир)
2.Ѓорги Јованов (Бучим)
3.Бехар Махмути (Вардар)
3.Јане Буровски (Балканец)

-92 кг
1.Реџеп Хајдари (Лирија)
2.Стефан Димитров (Бучим)
3.Стефан Димчевски (Вардар 1961)
3.Дамјан Манов (Вардар)

97 кг
1.Рамадан Мустафовски (Вардар)
2.Илија Атанасов (Бучим)
3.Сетфан Митев (Вардар)
3.Александар Марковски (Вардар)

125 кг
1.Могамедгаџи Нуров (Вардар)
2.Увејс Фејзулаху (Лирија)
3.Фадил Назифов (Балкнец)
3.Теодор Геогиев (Балканец)

50 кг
1.Марија Сприковска (БФРСМ)
2.Мартина Камчева (Бучим шапиони)
3.Елена Најодска (7 Мај)

53 кг
1.Теоодра Димеска (7 Мај)
2.Михалеа Богеска (7 Мај)

50кг
1.Вероника Рјабоволова (Вардар 1961)

57 кг
1.Михаела Тодороска (7 Мај)

59 кг
1.Викторија Спасовска (Киро Ристов)

62 кг
1.Леона Настоска (7 Мај)

65 кг
1.Марија Цветанова (Балканец)
2.Сетфанија Перканоска (7 Мај)

68 кг
1.Анабела Данилова (Балкакец)
2.Емилија Илиевска (Вардар)

72 кг
1.Бојана Лазаревска (Вардар)

76 кг
1.Стефани Николова (Неготино)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО