Ванчо Чифлиганец: Не сум човек за парада, сакам да стартувам со резултат 0-0!

Cifliganec so odelo

Новиот претседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) во говорот пред делегатите на вонредното Собрание ги кажи мотивите и позициите поради кои прифатил повторно да ја води една од најуспешните Федерации во македонскиот спорт.

„Не би рекол дека јас сум волшебното стапче. Ако сите ние сме активни, однонсо имаме јаки клубови, ако ги организираме работите што се однесауваат на Федерацијата, на Агенцијата за млади и спорт, не декларативно, туку, практично, да најдеме нови облици на дејствување. Времете еволуира, спортот еволуира и борењето еволуира, а за тоа требаат услови. Така што ние можеме да го поместиме борењето од каде што се наоѓа сега. Јас ќе дадам максимална ангажираност, коперативност, креативност, соработка, компромис, дружење… Не ме интересира клубот, националноста, туку нас не интересира спортот, бидејќи не поврзува борењето. Тоа ќе биде мојата водилка. Не доаѓам во борењето да косам, ние сите дојдовме вода да носиме. Исушената трева да ја повратиме или да го вадиме семето, за да никне. На нас ни треба долг временски период да направиме спортисти, кои ќе не претставуваат на европски, светски првенства, а од Олимписките игри 2020 во Токио да донесеме што поголем успех, ако не можеме да освоиме медал, барем да го повториме петото место на Шабан Трстена на ОИ 1996 година. Сакам да кажам, и на Македонскиот олимписки комитет и на Агенцијата за млади и спорт, дека во натпреварот сакам да влезам со резултат 0-0. Со 3-0, нерамноправен резултат, никој не влегува. Тоа значи дека мора да има еден комплетен извештај за досегашното работење. Финансиски извештај. Потоа, треба да направиме програма, односно каква лига ни треба, какви првенства, финасиски план, судиската организација, тренерскиот тим. Треба да направиме конструкција колку пари ни требаат, колку може да собереме по разни основи“.

FBSM sobranie

„Мојата фирма, Адора инжинеринг, ќе финасира во Федерацијата, однонсо годишно ќе ги донирам ппотребните 18 илјади евра.  Нема да дозволам кога ќе патувам во странство, но и мојот соработник, да плаќа Федерацијата, ниту репрезентацијата. Секој денар што ќе дојде во ФБСМ мора да биде максимално искористен за една скромна судиска организација, за максимални услови на борачите-од пионери, кадети до сениори, бидејќи се доведовме во ситуација да не можеме да испратиме младинец на Европско првенство“.Cifliganec stoi

Чифлиганец рече дека нема да има мој-твој клуб и дека на Бетим Вренези му рекол да предложи бизнисмен за Управниот одбор. Тој вели дека за секого има место во Федерацијата и дека ќе се формираат сите тела, како совет на олимпијци, совет на судиската организација, на која и треба подмладување. И нагласи дека борењето мора да го освежиме, заживееме, па потоа да одиме напред. Се заложи за купски и пионерски натпревари. Укажа на празните сали на Македонскиот бисер.

„Се работи за макотрпна работа, без делби меѓу нас. Ќе бидам претседател до тогаш до кога јас сакам, однонсо додека има резултати. Ако колата тргне на надолу и видам дека не можам, и ако вие видете дека ја кочам работата, веднаш си заминувам. Не сум човек за парада, ако го помрднеме борењето напред ќе бидам претседател. Оваа Федерација треба да има автономија да си одлучува и комплетна соработка со институциите-МОК, АСМ и министерствата за донесување на одредени законски решенија, но одговорноста мора да ја имаме. Нема тука некој да стави денар во џебот. Јас ќе бидам пример за тоа. Не сум идеален. Не сум добар. Можеби сум само подобар од некој добар. Едногласната подрршка за мене е обврска и одговорност. Место ќе има за секого, но мора да ги мотивираме сите и да го кренеме борењето“.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО