Амир Хан: Флојд е лажго!

han i mejvedre

Ѕвездата на англискиот бокс, Амир Хан, изјави дека Флојд Мејведер е лажго. Во последните две години Британецот постојано беше истакнуван како главен фаворит за следен ривал на Американецот, но до натпревар меѓу нив не дојде. Наместо тоа, најдобриот спортист на планетата избираше други противници.

 Шансите на Хан да се бори со Флојд се намалија и речиси се нула, откако Мејведер одлучи во својот последен меч во септември да се сретне со Андре Берто.

„Љубителите на боксот мора да разберат дека Флојд е лажго.Прво рече дека ќе ги остави навивачите да одлучат за неговиот ривал, а потоа се предомисли. Флојд бега од мене, бидејќи е исплашен од моите брзи раце и од тоа што сум поголем од него“, исткана Хан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО