Златан Ибрахимовиќ: Да не сум фудбалер ќе бев одличен УФЦ борец!

ibrahimoivHoseAldo
Ибрахимовиќ и Хозе Алдо

Златан Ибрахимовиќ, фудбалскaта мега- ѕвезда, од поодамна е познато дека тој е голем приврзаник на боречките вештини, а во некои од нив и се испробал.

 Тренинзите по таеквондо му помогнале и на фудбалските тревници да биде поцврст и посилен од другите, а во едно неодамнешно интервју, тој призна дека најверојатно ќе се занимавал со ММА ако по некоја случајност не станал еден од најплатените фудбалери во светот.

 „Татко ми сакаше да бидам адвокат, но не можев да си го замислам тоа. Јас сум голем фан на УФЦ и, веројатно, ќе се бавев со тоа, мислам дека во тоа ќе бев многу добр“, изјави Ибрахимовиќ за американски „Bleacher  Report“.

 Ибра има црн појас во таеквондо .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО