Гловацки со нокаут стави крај на владеењето на Марко Хук!

marko-huk

По 13 одбранети тиули во ВБО лесно-тешка категоријата, Марко Хук е нокаутиран од Полјакот Кшиштов Гловацки.

Гловацки победи со нокаут во 11-тата рунда, откако му зададе на противникот неколку врзани удари.

Со оваа победа Полјакот за прв пат освои титула во професионалниот бокс.

Така 29-годишниот Полјак Гловацки стави крај на „владеењето“ на Марко Хук, кој ја поседуваше светската титула од 2009 година и ја бранеше по 14-ти пат во Њуарк (Њу Џерси).

„Капетан Хук“, како што го нарекуваат германскиот боксер со босанско потекло, во 6-тата рунда со силно лево кроше го прати Полјакот во нокдаун. Расплетот настапи во 11-тата рунда, кога Гловацки на два пати го нокаутираше „Капетан Хук”, а судијата го прекине мечот на 40 секунди пред крајот на рундата. Така Кшиштоф Гловацки ја забележа својата 25 победа на професионалниот ринг во 25-от меч. Додека 30 годишниот Марко Хук има 38 победи, 3 порази и 1 нертешен меч.

https://youtu.be/oirlW43OS84

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО