Валjдер: Ако Фјури го победи Кличко и во реваншот, јас ќе му ги одземам појасите

Vajlder, Klicko, fjuri

Носителот на шампионскиот појас во супер течка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, веќе се гледа себеси како апсолутен светски шампион. За да стане сонот реалност, Американецот има намера прво да се раскрсти со задолжителниот предизвикувач за неговата титула, Александар Поветкин, а потоа да се сретне со победникот од реваншот Кличко – Фјури.

„На крајот сакам да ги соберам сите појаси, па мора да поминам низ се. Би сакал да направим средба со Британецот и дури сум подготвен да се борам на негова територија. Ако треба да се сретнам Фјури по мечот со Поветкин, јас со задоволство ќе го направам тоа. Но, никогаш не сум ја избегнувал следната борба, бидејќи не сум будала. Ако Фјури го победи Кличко и во реваншот, јас ќе одземам појасите. Потоа сакам да се сретнам со победникот од борбата меѓу Џошуа и Мартин. а потоа можам да одам на одбрана на сите титули против Дејвид Хеј, за да видиме дали тој е во состојба да го направи она што го направи порано“, изјави Дионтеј Вајлдер.

Потсетуваме дека мечот Вајлдер – Поветкин ќе се одржи на 21 мај во Москва, а реваншот Кличко – Фюри по досегашните информации треба да се одржи на 4 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО