Фаик Весели предводник на успехот на Олимпик спорт на „Никон опен“

Olimpik prv na nikon 2016

Екипата на „Олимпик спорт 2007“’ од Скопје, предводена од Фаик Весели, во одлично издание на „Никон опен 2016“ во Софија, каде што во екипно- борби во кадетска конкуренција (Фахик, Столе, Марко, Мики) го освоија првото место, победувајќи ги Турција и Бугарија со убедлив резултат 2-0.

Olimpik postrojuvanje na Nikon 2016

Од друга страна, Фахик Весели (-65 кг), исто така во кадетска конкуренција, го освои златниот медал, совладувајќи тројца натпреварувачи. Бојан Костов (У-14, -40кг) исто така освои златен медал со четири победи и тоа без изгубен поен. Со златен медал се закити и репрезентативката на КФМ во пионерска категорика, Магдалена Божиновска (У14, +40 кг) победувајќи во четири борби. Емилија Јаниќ , јуниорки,  над 55 кг беше трета, Марио Свинарски (У14,+45 кг) освои сребрен медал, со три победи и една загубена борба.

Столе Смилковски (-55 кг), кадети, го освои тертото место со една победа и еден пораз. Марко Костов покажал одлични-мотивирачки борби во екипната конкуренција, мотивирајќи ги сите негови другари, а во категорија (+65 кг, кадети) освои бронзен медал со скор 2-1. Сара Илиевска (- 55 кг, јуниорки) е трета, Марија Милева (У-14, -45 кг) го освои бронзениот медал.

Olimpik cela ekipa za Nikon 2016

„Дарко Костов и Мики Живков кој се релативно млади натпреварувачи не освоија медал. Целокупно гледано „Олимпик спорт“ е задоволен од своите резултати. Во генерален пласман беа меѓу првите три екипи во борби, но секогаш може подобро. Ова беше само тест за тоа што ни престои понатаму и, секако, да знаеме што да смениме во тренажниот процес за уште подобри резултати“, велат тренерите Александар Кузмановски и Кристијан Младеновски.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО