Многу ММА борци и фанови се жалат дека Конор Мек Грегор добива посебен третман во УФЦ. Тоа е разбирливо бидејќи тој е борецот кој најмногу продава во УФЦ. Конор заработи многу милиони за организацијата и учествуваше на најголемите гала вечери на ММА низ годините.
Конор во последните години не се претстави баш најдобро во кафезот, но специјалниот третман нема да исчезне. Мек Грегор отсекогаш бил еден од омилените на Дeна Вајт и тоа тешко дека ќе се промени.
Претседателот на УФЦ во едно од неговите последни пресметки зборува за Мек Грегор и го кажа следново за специјалниот третман:
„Сум имал работа со илјадници борци. Многумина од нив рекоа дека некоја битка не е за нив. Но, на Конор Мек Грегор не му е грижа со кого ќе се бори. Пред неколку години, кога Жозе Алдо се повлече од нивната средба, Конор рече дека ќе тренира и ќе се бори со сите.
По некое време остана без ривал и се согласи на борба со Нејт Дијаз. Конор Мек Грегор е ваков од првиот ден во оваа организација. Има луѓе кои покажуваат со прст и велат дека Мек Грегор добива посебен третман. Конор е посебна личност.
Овој човек е проклето посебен. Сум си имал работа со многу борци кои ќе ми кажат дека битката не била добра за нивниот бренд. Други не сакаат да се борат со своите пријатели“.