Џо Роган: Хабиб може да се врати заради Чарлс Оливеира

Џо Роган верува дека Хабиб Нурмагомедов може да се врати за борба со Чарлс Оливеира. Во мај годинава Бразилецот ја освои титулата во лесна категорија со победата над Мајкл Чендлер. На почетокот на овој месец Чарлс ја одбрани титулата со победата над Дастин Пориер.

Шампионот од Бразил веќе е во серија од 10 последователни победи и на 8 од нив освои бонус. Тој го држи рекордот на УФЦ за победи со завршница, а има 15 победи. Оливеира го држи и рекордот за победи за принуда, има 18 во УФЦ.

Со секоја негова победа тој фрла сенка врз достигнувањата на Нурмагомедов. Има се повеќе споредби меѓу нив, а Роган верува дека Хабиб може да киксне против Оливеира.

Неодамна Нурмагомедов изјави дека нема интерес за Чарлс и не планира да се врати во ММА. Сепак, ова не е мислење на Роган, кој во својот подкаст рече:

„Хабиб Нурмагомедов може да победи речиси секого, освен Оливеира. Тоа би било многу добра битка. Сепак, таква средба може да се случи.

Во одреден момент, Хабиб може да одлучи да го стори тоа и да се врати за борба со Оливеира“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО