Ломаченко ги стопи медалите за да направи крст на татко му

Поранешниот светски шампион во три тежински категории Васили Ломаченко стопи дел од своите олимписки медали за да направи крст за татко му Анатоли Ломаченко. Васили ги донираше двата златни медали од Олимписките игри во 2008 и 2012 година. Од нив е направен крст, кој ќе му го даде на татко му. Целосно не се стопени медалите во работилницата, туку се исечени мали парчиња од нив.

На почетокот на овој месец, Ломаченко учествуваше на главниот настан на турнирот во Њујорк. Негов ривал беше Ганаецот Ричард Коми. Украинецот тотално доминираше и извојува убедлива победа на поени. Ова беше втора победа во 2021 година. На почетокот на годината Васили го победи Масајоши Накатани со нокаут во 9. рунда.

Ломаченко има скор 16-2 во бокс и е во серија од 2 последователни победи. Тој победи на 11 средби со нокаут, а двата порази му се со одлуки. Ломаченко е еден од најуспешните аматерски боксери. Таму има скор 396-1 и двапати му се реваншира на боксерот кој му го нанесе поразот.

„Работилницата Крестик Резној за прв пат во историјата на изработката на накит исполни уникатна нарачка. Вакви случаи во светот нема и никогаш не се случиле. Направивме и развивме авторска композиција.

Само помислете на тоа, направен крст од олимписки медали. Медалите ги добил со крв и пот, во кои е вложен цел живот. Медали кои влегоа во светската историја на спортот.

Колку дух, храброст и благородност се потребни за да се направи крст за најблиската и најмилата личност – таткото!? Нема граници за нашата радост и почит! Васили Анатолиевич, поклон до тебе! Господ насочува!“, напиша Ломаченко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО