Вајт: Вердум ги откажа мечевите со ЖДС и Оверем за повеќе пари

verdum-smesen

Фабрицио Вердум остана без противкандидат за УФЦ 207, откако Каин Веласкез не доби медицинска дозвола да учествува на настанот.

Бразилецот вели дека е подготвен да се бори со секој кој му биде предложен како замена на Веласкез од страна на УФЦ.

Сепак, претседателот на компанијата, Дана Вајт, откри нешто сосема различно, имено, Вердум откажал два меча, барајќи повеќе пари. Еден од нив е против Жуниор дош Сантош, од кого претрпе тежок нокаут.

„Вердум одби два дуели. Да, ЖДС е еден од нив. Вердум го одби овој меч“.

„Потоа му предложивме средба со Алистер Оверем во Бруклин на УФЦ 208, но го одби и него. Постојат различни начини да откажеш натпревар. Едниот е да ти се јавам и да ти кажам „еј, го сакаш ли овој меч” ? А ти да ми одговориш „не, не го сакам“. Другиот е да кажеш „да, за 800.000 долари и дел од ППВ“, додаде Вајт.

Набргу потоа Фабрицио Вердум се огласи на социјалните мрежи, за да објавуви пораки кои лично ги испратил до Вајт. Во нив Вердум вели дека не е свесен дека други борци сакаат да се борат со него, навистина сакајќи повеќе пари.

„Мислам дека има недоразбирања во врска со тоа“, пишува Вердум, продолжувајќи: „Не знаев дека има луѓе кои сакаат да се борат со мене. И воопшто не сум одбивал ништо. Пак ќе повторам – не знаев ништо. Те молам извести ме, ако имаш време да зборуваме, бидејќи јас сум подготвен да се борам со секого“.

„Ќе можеш ли да ми платиш 500.000 плус ППВ? Ќе се борам со секого, бидејќи сакам да ти докажам дека сум дел од семејството на УФЦ. Те молам извести ме, што мислиш за ова“?

Вердум потврди дека Дана Вајт не му одговора на пораките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО