Амир Кан: Мечот со Кел Брук ќе биде најголемиот во Велика Британија

amir-kan-kel-bruk

Амир Кан верува дека можниот дуел меѓу него и Кел брук е сосема блиску до договор.

Со години Брук бара дуел со Кан, но Амир немаше интерес за таква средба. Сега, ситуацијата се промени, а и самиот Амир Кан не ја крие желбата за дуел со својот сонародник.

И двајцата боксери си дозволија порази во последните мечеви, Амир Кан беше нокаутиран од Сол Алварез додека Кел Брук од Генади Головкин. Во моментов и двајцата се рехабилитираат од операциите.

Промоторот на Кел Брук, Еди Херн, исто така, потврди дека преговорите за сличен дуел продолжуваат.

Амир Кан е на мислење дека тоа би бил најголемиот меч во британскиот бокс.

„Разговорите течат и во моментов. Очекуваме одговор од екипата на Брук. Овој меч може да го распродаде целиот стадион. Ова е најголемиот натпревар во британскиот бокс. Одамна се зборува за тоа, но сега сме близу “.

Можно е Амир Кан да се врати на рингот во април, но не се очекува тоа да биде против Кел Брук.

А Брук мора да ја направи задолжителната одбрана на титулата против официјалниот предизвикувач Ерол Спенс. Освен ако Брук не одлучи да се откаже од појасот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО