Вајт: Смешно е Бризил да е задолжителен предизвикувач на Вајлдер

Дилиен Вајт не може да поверува дека Доминик Бризил е задолжителен ВБЦ предизвикувач на Дионтеј Вајлдер.

Федерацијата со седиште во Мексико Сити, како и кај претходниот задолжителен предизвикувач, повторно му одеше на рака на Американецот. Претходниот предизвикувач на Вајлдер беше Бирмејн Стиворн кој од ниванта прва борба се бореше само еднаш во две години и тоа против Дерик Роси.

Бризил на поразот со нокаут од Ентони Џошуа во борбата за појасот на ИБФ во 2016 година го нокаутира претходно непоразениот Полјак Изу Угоно, го победи со прекин поранешниот двократен предизвикувач за титулата Ерик Молина и во последната битка во декември го нокаутира Порториканецот Карлос Негрон.

Од друга страна, Вајт по единствениот пораз во кариерата од Џошуа нанижа девет победи. Два пати го победи Дерек Чисора и поранешниот светски шампион Џозеф Паркер, поранешениот „регуларен“ ВБА првак Лукас Браун и Роберт Хелениус. Покрај тоа што е ВБЦ сребрен првак и три пати го одбрани појасот.

„Тоа е смешна борба, сето тоа е политика“, изјави боксерот роден во Јамајка за Ток спорт.

„Немаа избор, доведени се во оваа позиција. Тој не би требало да биде задолжителен предизвикувач. Јас сум број еден две години. Го освоив секој ВБЦ наслов, освен титулата светски шампион. Не ми е јасно, како тогаш тој се бори со Вајлдер“?

Вајт го критикуваше и Вајлдер, затоа што одби понудената борба со него.

„Вајлдер требаше да се бори со мене пред една година. Му понудивме 15 милиони долари, а за борбата со Бризил ќе заработи милион или два. Зошто“?

„Јас сум првиот предизвикувач. Јас сум поголемо име од Бризил. Јас носам повеќе и ќе заработиш 15 милиони. Тој едноставно не сака борба. Поради некоја причина не му се допаѓа нешто што гледа кај мене. Не знам дали се тоа ударите во тело, цврстината или нешто друго“.

https://youtu.be/vbs83tHPOxg

https://www.youtube.com/watch?v=vbs83tHPOxg&feature=player_embedded

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО