Дубоа го збриша поранешниот предизвикувач за титѕлата во тешка категорија (ВИДЕО)

Младата надеж Даниел Дубоа (10-0, 9 КО) продолжува да ниже победи.

Непоразениот 21-годишен Британец во Лондон во втората рунда за ВБО првак на Европа во тешка категорија го нокаутира Разан Цојану (16-6, 9 КО).

31-годишниот Романец ги избоксира сите 12 рунда со Џозеф Паркер во борбата за светски шампион во 2017 година.

Ова му беше четврти последователен пораз. По поразот од Паркер со едногласна одлука, го нокаутира Луис Ортиз, а потоа Натан Горман го совлада со судиска.

Дубоа во претходната борба минатиот октомври го победи Кевин Џонсон.

https://www.youtube.com/watch?v=gWY_HwUiiCg

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО